Ако мелодијата ја запaметиме по првото слушање големи се шансите дека ќе ја пееме во наредните 24 часа, а што повеќе се трудиме да ја заборавиме, тоа потешко ни оди. Зошто е тоа така?
Досадната меолодија која постојано ја пееме всушност не ни е толку одбивна и колку да не сакаме да признаеме, всушност ни се допаѓа, тврдат научниците од Универзитетот во Вашингтон. Тие утврдиле дека доколку мелодијата ни „остане во галава“ откако ќе ја сушнеме, голема е веројатноста дека на неа ќе се сеќаваме низ наредните 24 часа.
Тоа објаснува зошто некои поп песни или мелодии од телевизија не можеме да ги заборавиме колку и да се трудиме. Исто така, мелодиите подобро ќе ги запамтите доколку ги слушаме кога обавуваме некакви ментачни задачи, а такви песни ни служат како „издувен вентил“.
– Мозокот некои мелодии ги свири како расипана плоча, а често веруваме како тие песни кои најчесто ги повторуваме всушност не ги сакаме. Вистината е поинаква, и мелодијата ни се допаѓа, но ни оди на нерви затоа што себе постојано си ја повторуваме – вели авторот на студијата, Ира Хеиман.
Тој додава дека тогаш звукот реагира како и кај лошите сеќавања – што повеќе ги потиснуваме, толку ни е потешко.