Зошто американските хотели немаат соба со број 420?

Сподели со своите пријатели

Американците се очигледно прилично суеверни. Во зградите го избегнуваат 13-от кат, па всушност од 12-от одите на 14-от. Но, доколку е општо прифатливо дека 13 е баксузен број, што тогаш е проблем со бројот 420?

Loading...

Одговорот на тоа прашање е марихуана. Имено, бројот 420 е во тесна врска со канабисот со оглед дека на 20-ти април во САД е ден кога ширум земјата се слави марихуаната и на големо се ужива во неа.

Од таа причина, некои хотели отишле толку далеку што на вратата не ставаат плочка со бројот 420, туку комбинацијата 419+1, за да избегнат поврзување со марихуаната, но и да ги одговорат гостите во собата од пушење.

Во другите хотели со „марихуански“ број воопшто и нема да најдете соба, тие пак кои ја имаат често остануваат без бројот на вратата затоа што вљубениците во „тревата“ бројот го земаат со себе како сувенир.

Во еден хотел во Колорадо, плочката со бројот телку пати била украдена од вратата што сопствениците одличиле бројот 420 едноставно да го напишат на вратата.

Но, како што всушност започнала приказната и зошто 20-ти април станал ден на прославување на марихуаната?

Вистината не е како што мислат многумина поради смртта на Боб Марли, ниту до полицискиот код со кој полицајците дојавуваат дека е забележано уживање на марихуаната.

Реалноста, или барем она околу што многумина се сложуваат е поврзана со група студенти кои во седумдесетите години студирале на Универзитетот Сан Рафаел во Калифорнија. Имено, тие се состанувале секој ден во 16:20 кај статуата на Луис Пастер за да конзумираат марихуана.

Loading...

Претходно по ходниците едни на други си велеле „Луис 420“, така да легендата од време на време се проширила низ цела Америка и денес на сите млади им е јасно што значи бројот 420.

Американците очигледно се суеверни, затоа што 420 е број „нон грата“. Познато е избегнувањето на несреќни тринаесетки, па многу хотели немаат кат број 13, ниту пак соба со истиот број.

Leave a Reply