Зоран Дамјановски ќе поднесе пријава против Виктор Цветковски за клевета и нанесување душевна болка. поради како што вели, грубите лаги, манипулации и невистини искажани на прес конференција.
Ова е реакцијата на градоначалникот на Куманово по денешната прес конференција на Виктор Цветковски, кој од позиција на секретар на ГРОМ, денес го обвини Дамјановски за вмешаност во криминални делувања.
– Денес Цветковски си даде за право јавно да ме наклевети за криминална вмешаност. Тој денес обвини дека поради моја малициозност, држам предмети во фиока, дека поради моите бизнис интереси во урбанизмот од градот сум направил карикатура, дека транспортот на ученици е мој бизнис, и дека при контрола од институциите страдам јас самиот, и дека се кријам позади чесните членови на СДСМ, изјави Дамјановски.
Градоначалникот на Куманово најави поднесување пријава до Цветковски со почетокот на следната недела, додавајќи дека Цветковски ќе мора пред судските инстанци со материјални докази да објасни од каде ги добил информациите за обвинувањата изнесени на денешниот прес.