11.06.2019 08:55

Бидете внимателни: Ова е најопасната змија во Македонија


Поскок или камењарка е најопасната змија во Македонија, која спаѓа во семејството отровници, а живее во Јужна Европа, Балканот и делови од Блискиот исток.

Нејзината опасност се должи на долгите заби кои можат да достигнат до 13 милиметри и петте подвидови на отров кои може да ги содржи во себе.

loading...

Оваа змија може да достигнува вкупна должина до 95 см, иако повообичаено е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците, а единките што живеат во северните краишта се забележително поголеми од оние во јужните. Главата е прекриена со мали неправилни лушпи со мазна или само малку засртена површина, со исклучок на пар големи надочни лушпи што го го надминуваат задниот раб на окото. Околу самото око има 10 -13 мали лушпи во два реда кои ги делат од надуснените лушпи.

Јасна особеност на поскокот е рокчето, односно острицата на муцката, веднаш над клунената лушпа. Составено е од 9 -17 лушпи распоредени во 2 напречни редови. Достигнува 5 мм и е меко и свитливо. Кај јужните подвидови рокчето е исправено, а кај западниот подвид е накосено нанапред.

И покрај општите сфаќања, поскокот е мрзоволен и воопшто не е агресивен — не каса доколку не е значително предизвикан. Кога се на препад, некои смокови с’скаат и потоа бегаат, додека пак други веднаш одат во напад. Спијат зимски сон 2 до 6 месеци во годината, зависно од условите.

Поскокот е најотровната змија во Европа. Отровот може да биде прилично токсичен, но се разликува од временскиот период и кај разни населенија. Има протеолитични и невротоксични делови и содржи хемотоксини што ја засируваат крвта, со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките. Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш, а може да се јавува и вртоглавица.

loading...

Отровот на поскокот се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.

Фото: Викимедија


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments