Женскиот ракометен клуб Куманово започна да се екипира во пресрет на новата ракометна сезона која треба да започне есенва.
Адела Еленин е првото ново име во редовите на минатогодишниот освојувач на Купот на Македонија во женски ракомет.
Еленин игра на позицијата лево крило и е поранешен играч на ЖРК Деспина од Прилеп. Има настапи за кадетската и младинска репрезентација на Македонија и се наоѓа на поширокиот список во сениорскиот состав.
Составот на ЖРК Куманово ќе го засили и Нена Несторовска, која игра на позицијата среден бек.
Нена е перспективна ракометарка, потекнува од ракометната школа Сани Охрид, а во последните три години играше за екипата на ЖРК Металург.
На позицијата лево крило, клубот се засили со Јана Ѓошевска, која потекнува од школата на ЖРК Металург, а во претходната сезона играше за ЖРК Спартак од Скопје.
Од претходниот состав засега договорот го има обновено Сузана Зечевиќ која игра на позицијата лев бек и еден од најдобрите дефанзивни играчи во лигата.
Во меѓувреме ЖРК Куманово го доби и противникот во европскиот ЕХФ Куп. Во септември ќе ги одмери силите со HV Herzongenbuchsee од Швајцарија.
Никола Ивановски