Ракометарките на Женскиот ракометен клуб Куманово денес го играат реваншот против екипата на Хелветиа Алсобендас во Мадрид, Шпанија.
Loading...
Мотивацијата на кумановки е на високо ниво, а горди се и што ќе имаат можност во рамките на ЕХФ Челинџ купот да настапат под уставното име, без референцата БЈРМ. Тие вчера го одржаа својот тренинг и се подготвени да ја донесат победата во својот град.
Треба на почеток да задржиме водство, потоа да ја одржуваме едно ниво и да одиме кон се поголема предност, која се надевам ќе не одведе во следното коло од купот – изјави тренерот Димитар Антевски.
Инаку, гости на натпреварот ќе бидат и пет членови од Амбасадата на Република Македонија во Кралство Шпанија.