ЖРК Куманово како од шега го совлада Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчера забележаа убедлива победа против тимот кој некогаш им беше најголем ривал.

Loading...

Со резултат 41:19, битолчанки немаа никакви шанси во мечот со кумановки во рамките од 15то коло од Женската ракометна лига на Македонија.

Фаворитската улога Куманово ја оправда уште од самиот старт на натпреварот кога не дозволија никако отпор на тимот на Пелистер и постојано бележеа нови погодоци.

Со 16:9 заврши првото полувреме, кога и веќе се знаеше дека шансите за изненадување од Пелистер не постојат.

Вториот дел од средбата исто така мина во знакот на Куманово, а разликата константно растеше.

Најефикасна во составот на Куманово беше Александра Боризовска со 11 гола, со 9 Ангела Јанкуловска, а со погодок помалку на листата стрелци се запиша Јована Кипријановска.

Во составот на Пелистер солидна партија одиграа Анастасија Белевска со осум и Марија Јанкуловска со седум гола.

Во следното коло составот на Куманово го игра дерби натпреварот против Чаир на гостински терен во Скопје.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply