ЖРК Куманово доминантно против Пелистер

Сподели со своите пријатели

Со реузлтат 42:23 ракометарките на Куманово вчера на домашен терен, остварија убедлива победа против некогашниот најголем ривал во женската ракометна лига.

Loading...

Својата доминација во играта избраничките на тренерот Симе Симовски ја прикажаа уште во првиот дел од средбата, кога откако го отворија натпреварот не дозволија во ниту еден момент битолчанки да се доближат до нивното водство.

Првиот дел од средбата заврши со резултат 23:16, со што кумановски веќе во второто полувреме влегоа релаксирани дека победата веќе им е на дофат на рака.

Рутинската игра на ЖРК Куманово и во вториот дел од средбата само ја покажа подготвеноста на тимот за освојување нови успеси оваа сезона, ако се земе предвид фактот дека токму Пелистер беше еден од најголемите ривали во изминатите сезони.

Со 10 реализирани погодоци најефикасна од редовите на Куманово, а воедно и поентер на мечот беше Леонида Гичевска, зад неа со шест гола на листата стрелци се впиша Ана Шарановиќ, а по еден гол помалку имаат Медеа Чокели и Васка Глигоријадис.

Кај гостинскиот состав со осум погодоци најефикасна беше Марија Анчева.

По четирите кола Куманово не бележи пораз и е на врвот на табелата заедно со екипата на Металург со која имаат ист број бодови.

Следниот меч кумановки повторно го играат на домашен терен против составот на Чаир.

Loading...

Leave a Reply