ЖРК Куманово денеска игра за титула во македонскиот куп

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска против ЖРК Вардар ќе се борат за титула во женскиот ракометен Куп на Македонија.

Loading...

Кумановки за финале требаше претходно да се борат против Металург, екипа која поради финансиска криза одлучи да не се натпреварува понатаму и му го отвори патот на ривалот Куманово за директен влез во финале.

Од друга страна екипата на Вардар вчера го совлада составот на Ѓорче Петров и е вториот финалист.

Еден од двата состави денеска ќе го крене трофејот во Купот на Македонија по пресметката закажана за 15 часот во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

Ова е трет пат Куманово и Вардар да играат финале во Купот во изминатите неколку години.

Никола Ивановски