Женскиот ракометен клуб Куманово со Металург на 9ти мај ќе ги одмери силите во полуфиналето од Купот на Македонија кој ќе се одигра токму во Куманово.
Со долгогодишно работење направивме екипа која е респектабилна во Македонија и може да се држи рамо до рамо со Металург и Вардар, рече претседателот на ЖРК Куманово, Никица Кипријановски, кој ги повика сите љубители на ракометот да уживаат во ракометниот спектакл.
– Моментално сме на второ место и уште сме во игра за првенството, така што имаме уште едно коло за играње, тоа е по Купот со Металург дома, додека Металург има уште една со Стружанка, така да евентуален пораз на екипата на Металург може да биде решавање на првенството во последното коло во Куманово, рече Кипријановски.
Резултатите кои ги постигнавле во последно време ни даваат желба и надеж да го постинеме најголемиот успех кога е во прашање ЖРК Куманово, вели тренерот Ненад Краљевски.
– Нашите девојки се многу вредни и го чекаат натпреварот со Металург кој ни е конкурент и во самото натпреварување. Повеќе би се фокусирал на Купот. Металург низ натпреварувањето покажа дека има многу квалитетна екипа и дека имаат тренер кој многу тактички ја поставува играта, сигурно ќе има многу надмудрување и многу некои ситуации кои можеби не беа во првиот натпревар. Верувам во девојките бидејќи покажаа со својата работа и труд дека можат да постигнат високи резултати и овој пат би ги повикал сите љубители на ЖРК Куманово и градот да дадат голема поддршка за една млада екипа кој има исклучително убава можност да се запише во историјата на ракометниот клуб, рече тренерот Краљевски.
Натпреварот помеѓу овогодинешните најголеми ривали, Куманово и Металург ќе се одигра на 9ти мај со почеток во 20 часот во Спортска сала Куманово.