„Живи артефакти – Трансценденција“: Самостојна изложба на Филип Јовески во Куманово

Сподели со своите пријатели

Љубителите на современата уметност утревечер ќе имаат можност да присуствуваат на отворањето на самостојната изложба „Живи артефакти – Трансценденција“ на Филип Јовески.

Изложбата ќе биде отворена на 22 мај (петок) во 19:30 часот во уметничката галерија при НУ Музеј Куманово.

Станува збор за трет дел од циклусот „Живи артефакти“, проект кој преку спој на традиционални уметнички техники, дигитална уметност и аугментирана реалност го истражува односот помеѓу физичкиот и виртуелниот свет.

Делата се инспирирани од културното наследство и мотивите на народните носии, притоа создавајќи современ визуелен израз што ги поврзува минатото и иднината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На ГП Табановце запленети пола милион евра. Најголема заплена во историјата (ВИДЕО)

Проектот претставува синтеза на повеќе дисциплини, меѓу кои визуелна уметност, архитектура, анимација и современи технологии.

Посетителите ќе можат да искусат интерактивна поставка во која класичните уметнички дела добиваат дигитална и интерактивна димензија, отворајќи нови можности за перцепција и комуникација со уметноста.

Авторот, Филип Јовески, е наградуван мултимедијален уметник и магистер по фини уметности со богато меѓународно искуство.

Во својата кариера реализирал бројни изложби и проекти во повеќе европски земји, а неговото творештво е препознатливо по комбинирањето на традиционалните уметнички практики со најсовремени дигитални технологии.

Никола Ивановски