Кумановци повторно ќе уживаат во суперлигашки ракомет во женска конкуренција, откако ЖРК Куманово во новата сезона ќе настапува во единствената ракометна женска лига во Македонија.
Loading...
Покрај клубот од Куманово, учесници се ЖРК Металург, Овче Поле, ЖРК Пелистер, ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Кичево, Вардар Јуниор и Жито Прилеп, додека првиот тим на ЖРК Вардар предводен од Индира Кастратовиќ ќе се приклучи во лигата во завршницата од првенството.
Не е познат распоредот на првенството, но првите дуели се одредени. Куманово во првото коло гостува во Прилеп против истоимената екипа.
Еве го составот од првото коло:
ЖРК Металург – Овче Поле
ЖРК Пелистер – РК Ѓорче
ЖРК Кичево – ЖРК Вардар Јуниор
ЖРК Жито Прилеп – ЖРК Куманово
Loading...