Женската фудбалска екипа од ОУ ”Бајрам Шабани” први на регионален натпревар

Сподели со своите пријатели

На регионалниот натпревар во фудбал за жени одржан меѓу  основните училишта во Македонија, на финалниот натпревар кој се одржа денеска во Штип, екипата на ОУ “Бајрам Шабани” од Куманово, го освои првото место победувајќи го женскиот фудбалски тим Делчево со резултат 2:0.

Loading...

11208958_10204353505740839_716391745_n

Стрелец на двата гола за кумановскато училиште е Хасибе Бехлули, јавува порталот Љајм.

Со оваа победа, екипата на жени од ОУ “Бајрам Шабани”, предводена од професор Мустафа Ебиби, ќе учествува во Скопје следната недела, каде ќе се одржи Државен натпревар помеѓу четирите најдобри тима од Македонија.

Leave a Reply