Жените на протестот пред Собрание похрабри од мажите (видео)

Сподели со своите пријатели

На вчерашниот закажан протест во 18 часот пред Владата на Република Македонија, повторно дојде до собирање на претежно млади луѓе кои протестираат во име на случајот со Мартин Нешковски. За разлика од завчера, полицијата вчера не дозволи собирање на толпата на Илинденска б.б, по што масата се упати пред Собранието на РМ каде до полноќ остана да го изрази својот револт, јавуваат медиумите.

Loading...

Иако на неколку наврати имаше обиди за провокација, женски лица со жив штит, останаа да стојат пред групираниот кордон полицајци, така спречувајќи било каков напад на полициските сили.

Протестите за случајот на Мартин Нешковски се проширија и во други градови, откако вчера беа одржани протести во Прилеп и Битола, со нови протести закажани во Струмица, Кавадарци и Куманово.

Фото: Фокус.мк

Leave a Reply