Зголемен опфат на вакцинација на децата во најсиромашните земји

Сподели со своите пријатели

Стапките на имунизација на децата во најсиромашните земји во светот почнаа да растат минатата година, откако паднаа за време на пандемијата на коронавирус, соопшти Глобалната алијанса за вакцини Гави.

Loading...

Според податоците на Гави, минатата година 80 отсто од децата примиле вакцини против дифтерија, тетанус и голема кашлица, во споредба со 78 отсто во 2020 година и 77 отсто во 2021 година, пренесува Танјуг.

Стапките на вакцинација за децата во најсиромашните земји беа 82 проценти пред пандемијата, рече Гави, пренесе Ројтерс.

Вакцинација на деца

Новите податоци опфаќаат само 57 земји кои се меѓу најсиромашните во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕКСПЛОЗИЈА НА БРОД! Најмалку 40 лица загинаа

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека милиони деца пропуштиле есенцијални вакцини во последните три години и дека приоритет за оваа година е тие деца да се вакцинираат.

СЗО и УНИЦЕФ ќе дадат пошироки проценки за опфатот со вакцинација следниот месец.

Работата на Гави е поддржана од влади, донатори и филантропи и ги финансира програмите за вакцинација во најсиромашните земји.