Зголемен бројот на заболени од денга во Европа

Сподели со своите пријатели

Во Европа, повеќе случаи на локално заразен вирус на денга треска беа регистрирани во 2022 година отколку во целата претходна деценија.

Loading...

Зголемувањето на бројот на пациенти е закана за јавното здравје, но отвора можности за соодветен одговор на пазарот и можност за производство на вакцини и третмани против денга треска, што треба да ја поттикне фармацевтската индустрија да ги зголеми инвестициите во борбата против оваа запуштена болест, пишува Политико.

Луѓето кои работат на терен велат дека порастот на бројот на случаи на денга на Запад може да го отежне снабдувањето со лекови кои спасуваат живот на оние на кои им се најпотребни, бидејќи компаниите за лекови развиваат алатки кои се помалку ефикасни во земјите каде што денгата е најраспространет, а богатите нации на крајот прават залихи на лекови и вакцини за денга без причина.

– Можеби изгледа како добра работа, и добро е да се развијат повеќе производи. Но, дали тоа тогаш создава систем каде населението со високи приходи добива пристап до лекови, а земјите со низок и среден приход не? – праша Линдзи Кир, директорка на тимот за наука и политика во тинк-тенкот PCR.

Климатските промени и миграцијата значат дека комарците кои носат денга, како и други болести како што се чикунгуња и зика, пристигнуваат во Европа.

Најновите годишни бројки на Европскиот центар за превенција и контрола на болести покажуваат дека во Европа во 2022 година биле регистрирани 71 случај на локално заразен вирус на денга – 65 во Франција и шест во Шпанија.

Иако денга треската обично е придружена со благи симптоми, инфекцијата може да доведе до висока температура, силна главоболка и повраќање, а тешките форми на болеста може да предизвикаат крварење на непцата, абдоминална болка и, во некои случаи, смрт.

Досега, комарецот што ја пренесува инфекцијата беше ограничен главно на јужна Европа, но неодамна загриженоста за вирусот денга е присутна низ целиот континент, наведува „Политико“.

Loading...