Земјотрес утринава регистриран во Грција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на јужна Грција утрово во 6:13 часот.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Гитио, на полуостровот Пелопонез, додека жариштето е регистрирано на длабочина од околу пет километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.

Надлежните служби го следат развојот на ситуацијата и во моментов не се пријавени посериозни последици од земјотресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ги заостри правилата за авиокомпаниите: Патниците полесно ќе добиваат надомест за доцнење и откажување на летови