Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа околу Костарика, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 20 километри и на 95 километри од Санта Круз.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот траел најмалку десет секунди, а креветите се треселе.
Не е издадено предупредување за цунами, пренесува Танјуг.

