Земјотрес од 6,9 степени го погоди Фиџи

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Фиџи, 399 километри северозападно од главниот град Сува, соопшти денеска Американскиот геолошки институт.

Loading...

Според извештајот, земјотресот бил на длабочина од 587,2 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема извештаи за материјална штета или евентуални жртви, а нема ниту предупредувања за цунами по земјотресот, соопшти американскиот систем за предупредување од цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци