Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Кампи Флегреи во италијанската област Кампанија, а земјотресот предизвика паника во Неапол.
Loading...
Земјотресот е почувствуван во центарот, но и во другите делови на Неапол, а особено силно на повисоките катови од зградите, пренесе Анса.
По првиот земјотрес следеа неколку послаби последователни потреси.
На ова подрачје веќе неколку месеци е нагласена сеизмичка активност, што предизвикува вознемиреност кај локалното население, велат од Анса.