Земјотрес ја погоди Грција, властите ги затворија дел од училиштата

Сподели со своите пријатели

Грчкиот остров Евија утрово го погоди земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери.

Земјотресот се случи во 5 часот и 13 минути по локално време и предизвика вознемиреност кај жителите од областа, особено ако се земе предвид дека Евија вчера беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 5,2 степени, пренесува Прототема.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија забрани сексуално образование во основните училишта поради „родова пропаганда“

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Поради континуираната сеизмичка активност, властите превентивно одлучија неколку основни и средни училишта во областа да останат затворени.

Противпожарните служби соопштија дека се во состојба на зголемена оперативна готовност.