Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:30 часот по локално време ја погоди областа на градот Ираклион на Крит, Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри, а на 145 километри северно од градот Ираклион.
Ова е 20-ти земјотрес што ја погоди областа во изминатите 24 часа.
По серијата земјотреси во неделата, од кои 11 беа со јачина од 3,3 до 4,9 степени според Рихтеровата скала, подрачјето на Ираклион во Грција денеска беше погодено од нова серија силни потреси.
Според податоците на EMSC, уште девет земјотреси со јачина од 3,5 до 4,7 степени според Рихтеровата скала се случиле во област од 140 до 160 километри северно од Ираклион од еден часот по полноќ.