Земјотрес го погоди Филипини

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот, на вториот по големина остров на Филипините, бил на длабочина од 26 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.