Земјите од ЕУ се согласија за нов закон за миграција и азил

Сподели со своите пријатели

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија, по целодневните преговори во Луксембург, се договорија за заеднички став за двата клучни законски предлози за миграција и азил, соопшти шведската министерка за миграција, Марија Малмер Стенергард.

Loading...

Министрите донесоа заеднички став за Регулативата за управување со азил и миграција и Регулативата за процедури за азил, клучен дел од Пактот за миграција и азил, за кој земјите-членки неуспешно преговараат со години.

Откако ќе се изгласа заедничкиот став на земјите-членки, следуваат преговори со Европскиот парламент.

Целта е целиот пакет законски предлози за миграција и азил да биде усвоен до изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

„Овие предлози ги претставуваат двата главни столба на реформите за азилот и се клучни за рамнотежата помеѓу одговорноста и солидарноста. Ова е големо достигнување за Европа“, рече комесарот за внатрешни работи Јива Јохансон.