Зеленски: Ситуацијата во Луганск е многу тешка, таму се води најтешката битка

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека воената ситуација во регионот Луганск, на истокот на Украина, е многу тешка бидејќи Русија ги интензивирала напорите да ги потисне украинските војници од клучните позиции.

Loading...

– Таму навистина се води најтешката битка. Окупаторите вршат силен притисок – рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесе Ројтерс.

Борбите се префрлија во источна Украина во последните недели, а украинските сили продолжуваат да одбиваат руски напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија