Зеленски се сретна со германскиот опозициски лидер Мерц

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц, неколку недели пред федералните избори во Германија.

Loading...

„Разговаравме за начините за понатамошно унапредување на праведен мир за Украина, како и за глобалните предизвици и ситуацијата на фронтот“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заедно со видеото од состанокот, пренесе Ројтерс.

Изборите во Германија ќе се одржат на 23 февруари, а Мерц во моментов е водечки кандидат за канцелар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски повика на најмалку 200.000 мировници за одржување на мирот во Украина