Ако Украина има ефикасна противвоздушна одбрана, рускиот претседател Владимир Путин ќе биде беспомошен, а Русија веројатно ќе биде принудена да побара мир, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон.
Тој на самитот на Европската политичка унија во Лондон рече дека ќе бидат уништени неколку локации за лансирање руски ракети насочени кон украински цивили, а со тоа ќе се намали способноста на Русија да ја продолжи војната.
Тој истакна дека Украина ги запрела руските војници во близина на Харков, а Путин „жртвувал десетици илјади војници и не постигнал ништо значајно“, пренесува Би-Би-Си.
Зеленски истакна дека Путин не успеал да ја постигне својата главна цел, а тоа е да создаде поделба во Европа.
Тој вети дека ќе создаде „долготраен мир во Европа“ и им се заблагодари на партнерите кои се залагаат за членство на Украина во ЕУ и НАТО.
Тој, исто така, ги повика сите земји да ги поддржат мировните напори и да покажат лидерство.
„Потребни се заеднички напори за доброто на мирот. Кога губи агресорот, победува светот“, рече Зеленски.