Зеленски пристигна во Британија на состанок на Европската политичка заедница

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска пристигна во Велика Британија за да учествува на состанокот на Европската политичка заедница, пренесоа британските медиуми.

Loading...

„Ќе потпишеме меѓувладин договор за поддршка на украинскиот одбранбен и индустриски комплекс. Ќе разговараме за идната одбранбена соработка и проширувањето на нашите одбранбени капацитети“, објави Зеленски на својот профил X.

Во палатата Бленхајм во Вудсток, во близина на Лондон, денеска се одржува четвртиот Самит на Европската политичка заедница.

На самитот учествуваат 47 лидери од земјите на ЕУ, кандидати за членство и други земји кои граничат со ЕУ.