Зеленски објави фотографии од ослободениот град: „Уништено се што е потребно за живот“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави неколку фотографии од Лиман, стратешки важен град кој неодамна беше ослободен од украинските сили.

Loading...

„Нашиот Лиман по заминувањето на окупаторите… Сè што е потребно за живот овде е уништено. Тоа го прават насекаде на териториите што ги окупираат. Тоа може да се запре само на еден начин: со ослободување на Украина. Ни треба живот, хуманоста, правото и вистината, што е можно поскоро“, објави Зеленски.

За потсетување, руските сили се повлекоа во текот на викендот од Лиман, град во источниот регион Доњецк.

Тој потег означи уште еден триумф на украинската контраофанзива на истокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина го доби вториот контингент авиони Ф-16 од Данска

Но, фотографиите што ги објави Зеленски, како и другите фотографии и видеа кои доаѓаат од Лиман, покажуваат град кој е во голема мера уништен.