Зеленски: Дали Трамп воопшто ќе ја забележи Европа?

Сподели со своите пријатели

Европа треба напорно да работи на себе за да ја избегне улогата на глобален набљудувач, не само во случајот на решавање на војната во Украина, предупреди вчера во Давос украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Денес сите очи се вперени во Вашингтон, сите се прашуваат кои се следните потези на Доналд Трамп, што ќе прави со трговијата, како ќе стави крај на војните… Никој навистина не се прашува што мисли Европа за овие работи. Мора да бидеме искрени во врска со тоа. Нам во Европа Америка ни изгледа како незаменлив сојузник и сите се загрижени дали ќе остане со нас. Мислам дека никој во Америка во овој момент не е загрижен за тоа дали Европа може да го напушти сојузот со САД. Вашингтон не верува дека Европа може да им донесе нешто значајно“, рече Зеленски вчера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доналд Трамп – хорор за германската политика, но една партија му се радува

Минатата година на самитот во Сингапур, поранешните функционери на администрацијата отворено нагласија дека нивните први безбедносни приоритети се во регионот на Тихиот Океан, потоа Блискиот Исток и Заливот, а само на трето место е Европа, рече Зеленски.

„Дали Трамп воопшто ќе ја забележи Европа“, се запраша вчера украинскиот претседател.

Според неговото верување, Европа не може да си дозволи да биде споредна во очите на своите сојузници, туку некако мора да се наметне како силен глобален актер, а не обичен набљудувач.

„Не заборавајте, меѓу Украина и Европа нема океан“, потсети Зеленски.

Претседателот на Украина смета дека новата глобална платформа за мировни преговори во Украина, без учество на Европа, ќе ја водат Америка, Русија и Кина. Европејците, оцени тој, се уште се во состојба на „безбедносен сон“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателот на Панама од Давос: Панамскиот канал не беше подарок за САД

„Русија, иако економски многу послаба од ЕУ, денес произведува повеќе воено оружје отколку цела Европа заедно. Во исто време Путин склучува договори за стратешко партнерство со Иран, тоа веќе го има со Северна Кореја, која има нуклеарно оружје и каде човечките животи не вредат ништо… Кон кого се насочени овие партнерства, против вас, против нас, против Европа, Америка?“, им рече Зеленски на присутните во Конгресниот центар во Давос.

Loading...

Мораме заедно да се спротивставиме на ваквите предизвици во политиката, вооружувањето и економијата, нагласи претседателот на Украина.

Кога станува збор за одбранбената индустрија, Европа мора да научи како целосно да се грижи за себе, за светот да не може да ја игнорира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски повика на најмалку 200.000 мировници за одржување на мирот во Украина

Затоа, Европа мора да остане обединета, особено во нејзината безбедносна и одбранбена политика, при што сите земји треба да инвестираат во овие цели, онолку колку што е потребно, смета Зеленски:

„Ако е пет проценти од БДП, нека биде. Покрај сето ова, на Европа ѝ треба и нејзината „Железна купола“, нешто што може да се спротивстави на секаков вид закана.“