Официјалниот медиумски регулатор во Ирак вчера им нареди на сите медиуми и социјални мрежи кои работат во оваа арапска земја да не го користат терминот „хомосексуалност“, туку наместо тоа да ја користат фразата „сексуална девијација“.
Ирачката комисија за комуникации и медиуми (ЦМЦ) исто така објави дека е забранета употребата на терминот „род“, што конкретно се однесува на сите телефонски и интернет компании чии апликации се лиценцирани во Ирак, пренесува Ројтерс.
„Регулаторот им наредува на медиумските организации да не го користат терминот „хомосексуалност“ и наместо тоа да го користат точниот термин сексуална девијација“, се вели во официјалната изјава објавена на арапски.
Портпаролот на ирачката влада изјави дека се уште не е одредена казна за прекршување на новото правило, но не ја исклучи можноста за парична казна.
Во Ирак, геј сексуалните односи не се експлицитно криминализирани, но непрецизно дефинираните морални клаузули во кривичниот закон се користат против членовите на ЛГБТ заедницата.