Во Уметничката галерија при НУ Музеј Куманово во понеделник со почеток во 19:30 часот ќе се одржи завршната изложба од програмата „Мини уметници“.
Станува збор за програма наменета за деца од 6 до 10 години каде што учат да цртаат и сликаат, да употребуваат различни техники и креативност.
Сите часови се одржуваа во Селект – Центар за странски јазици.
– Децата имаат изработено прекрасни цртежи во последните два месеци, вложија труд и љубов на часовите, затоа и ги покануваме сите родители и деца да дојдат и да ги видат нашите уметничи дела, па ова да послужи како поттик и инспирација и за другите деца, вели Дарко Петковски, кој ја предводи програмата.
Часовите, вели тој, се добар начин за правиле разој на децата од многу аспекти, логично размуслување, развивање моторика, креативност, социјализација, а нова сесија од уметничката школа започнува веќе од септември.
Никола Ивановски