Заврши топлотниот бран – се очекува драстичен пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Овој понеделник ќе биде најтоплиот ден оваа недела, а можно е да биде и најтоплиот ден месецов.

Loading...

Веќе во вторник се очекува пад на температурата, но и понатаму максималната низ земјава ќе се „држи“ над 30°С . Во голем дел од котлините во повардарскиот регион очекуваме максимална во границите од 30°С до 33°С, а на југоисток и до 35°С.

Веќе во среда се очекува пад на температурата за околу 5°С во северната половина од земјата и околу 3°С во јужниот дел. Максималната температура ќе достигне вредности околу 31°С во вардаскиот регион.

Четврток ќе биде најсвежиот ден оваа недела. Максималната температура во колтлините во севернатаи југозападната област ќе достигне вредности околу 25°С. Југоисточниот крај ќе биде малку потопол, но максималната ни таму нема да состигне 30°С.

Во петок се очекува мал пораст на максималната температура, за околу 2 до 3 целзиусови степени.

Во однос на временската состојба, позначителни врнежи може де се очекуваат во среда попладне во западниот и јужниот дел од земјава, додека во ноќта кон четврток врнежите ќе се рашират речиси на целата територијата од земјата. Од четврток попладне се очекува постепено разведрување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.