Со богата програма вчеравечер се одржа десетотто јубилејно издание на фестивалот на дувачки инструменти „Рома труба фест“ на кој учествуваа значајни имиња од македонската музичка сцена, а се во организација на организацијата „Рушит Шакир“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
[huge_it_gallery id=”182″]
Кумановската публика која во голем број беше излезена на градскиот плоштад во Куманово уживаше во песните на Анета Мицевска од групата „Молика“ која настапи во придружба на оркестрот „Агушеви Џамбо“ од Струмица.
Музичката програма беше збогатена со настапи на локалните музички ѕвезди и големи таленти Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, а на фестивалот учество земаа и оркестрите „Уска Кан Кантуров“ од Берово и „Кемал Асанов“ од Струмица. Гост на вечерта освен Анета беше и Ферус Мустафов.
Што се однесува на другите учесници, гости од Србија беа оркестрите “Исидор Зечировиќ“ “Драган Аметовиќ“ од Бојник.
Овогодинешниот фестивал беше спонзориран и од Министерството за култура на Република Македонија од каде свој претставник свечено им се обрати на присутните во публиката и ја отвори оваа манифестација.