Затворската казна за Даравелски не е застарена, вели кумановскиот суд

Сподели со своите пријатели

Според Основниот суд Куманово затворската казна изречена за Драган Даравелски не е застарена.

Loading...

Даравелски кој вчера беше приведен откако се појави на Граничниот премин Табановце веднаш е однесен во Идризово, каде и ќе остане.

Од кумановскиот суд велат дека согласно чл.109 ст.1 т.3 од КЗ застарување на извршување на казна затвор над 5 години настапува по протек на 10 години од правосилноста на пресудата со која казната е изречена.

Согласно на чл.111 од КЗ застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежен орган што се превзема заради извршување на казната, а со секој прекин застарувањето почнува повторно да тече.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

– Основен суд Куманово од прием на правосилната пресуда  преземал повеќе дејствија со кои текот  на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано, стои во соопштението.

Согласно ст.5 од чл.111 од КЗ застареност настапува во секој случај кога ќе помине два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна.

– Со оглед дека од последното преземено дејствие од страна на судот нема изминато период од десет години, ниту пак изминало два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна, застареноста не настапила, стои во соопштението на Основен суд Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Ја олеснил државата за милиони евра

Даравелски е поранешен директор на Царина, и беше осуден за злоупотреба на службената положба во период од 1999 до 2002 година во вредност од 2 милиони евра.

Loading...

Неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа.

Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра. Судот тогаш одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари.

Даравелски беше баран и од Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но немаше негова екстрадиција откако дознаа дека тој поседува и српско државјанство.

Даравелски во минатото бил поврзуван како сопственик на низа фирми во Куманово, од кои дел денес и не постојат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

Никола Ивановски