Затворени избирачки места во Чешка

Сподели со своите пријатели

Поранешниот премиер Андреј Бабиш и поранешниот генерал Петр Павел ќе се соочат на 27 и 28 јануари во вториот круг од претседателските избори во Чешка.

Loading...

Во првиот круг од претседателските избори Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека економистот Дануше Нерудова беше трет со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот завод за статистика.

Претседателската канцеларија нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во парламентот.

Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската.

Аналитичари: Кој кандидат и да победи, тој ќе биде попрозападен од Земан

Според проценките на аналитичарите пред изборите, кој и да победи кандидатот ќе биде попрозападен од Земан, кој промовираше посилни односи со Кина и, до инвазијата на Украина минатата година, со Русија.

Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел. Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.