Заспал покрај базен – го разбудила мечка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мечка изненади маж од Масачусетс, будејќи го од попладневна дремка покрај базенот. Метју Бет од Гринфилд спиел покрај својот базен кога мечка залутала во дворот преку отворената врата. Животното најпрво се напило вода од базенот, а потоа му ја душкала ногата на Метју пред да се разбуди.

Loading...

Неговото ненадејно движење ја исплашило мечката, а целиот инцидент, вклучително и обидот на Бет да ја фотографира мечката во бегство, беше снимен од домашна безбедносна камера.

Сопругата на Метју, Дон Бет, го објави видеото на Фејсбук и веднаш стана вирално.

Според „Дејли меил“, последните неколку години црните мечки ја шират својата територија низ цела Масачусетс. Државата ги советува луѓето што се среќаваат со мечки да „викаат и да прават многу врева бидејќи мечките обично реагираат на нешто невообичаено со заминување“.

 

Leave a Reply