За десетина дена стартува проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на 10 железнички станици во Македонија, јавува СИТЕЛ. Според планот, во севкупниот проект ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.
Сите десет станици се наоѓаат долж Коридорот 10, со што се очекува до крајот на годината да бидат пуштени во употреба со комплетно нов лик.
Реконструкцијата на железничката станица во Скопје веќе е во тек, а се очекува градежните активности да завршат до септември. Посебно внимание ќе се посвети на подобрување на пристапноста за лицата со намалена подвижност, кои не можеа да се искачат од приземјето до платформата, да дојдат до возот и да патуваат.