По одлука на Владата на РМ, денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за локална самоуправа Лирим Шабани одржаа состанок во општина Куманово каде се донесе акциониот план за постапување по заклучоците на Владата на РМ.
Комисијата за проценка на штетите составена од членови на Владата на РМ и Општина Куманово од денеска ги започна проценките за утврдување на материјалните штети на недвижниот и движниот имот во наслебата Тоде Мендел во Куманово на местото каде се одвиваше полициската акција.
Владата на последната седница одлучи да се изврши обесштетување во висина од 100% од проценетата штета на терен.
Имено на семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој ќе им се обезбеди сместување во периодот потребен за санација на нивните домови или додека трае санацијата ќе добиваат финансиски надомест за закуп на простории (кирија).
На овие семејства ќе им додели и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100 000 денари по единица оштетен дом.
Надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, ќе пристапат кон расчистување на теренот со цел обезбедување на првобитните услови за живот.
Комисијата за проценка на штетите во рок од 7 дена ќе подготви Извештај за проценетата штета и ќе го достави до Владата на РМ.