Започна вакцинацијата против сезонски грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од утринава започна вакцинацијата против сезонски грип во Куманово, откако во петокот 2.000 вакцини пристигнале во Центарто за јавно здравје (ЦЈЗ).

Loading...

Како што појасну епидемиологот Јадранка Стаменковска од ЦЈЗ Куманово, ова се бесплатни вакцини на кои рпаво имаат хронично болни, здравствени работници, лица над 65 години кои претходно аплицирале онлајн.

– Веќе започна вакцинацијата од денеска. Од утрово од 8 часот, има четири пунктови во ЦЈЗ Куманово и лицата можат да се вакцинираат од 8 до 14 часот на секои пет минути. Пациентите, лицата кои сакаат да примат вакцина, а веќе се имаат пријавено преку вакцинација.мк ги има на закажан термин. Претходно со лекарски преглед, со една анкета во зависност од тоа каква им е здравствената состојба тие примаат вакцина и има добар одзив сега за сега, изјави д-р. Стаменковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Денеска, како што појасни таа, има 280 лица за вакцинација и сите доаѓаат на предвидениот термин.

Центарот за јавно здравје има набавено и 200 дози комерцијална вакцина против сезонски грип, односно за лицата кои не се опфатени во категориите што имаат право да се вакцинираат бесплатно.

За нив вакцината чини 700 денари, но како што појаснува д-р Стаменковска, досега се јавиле само тројца.

Сите пункотови за вакцинирање се наоѓаат во Центарот за јавно здравје Куманово.

Никола Ивановски

Loading...