Денеска започна распитот на дел од осмничените терористи кои во мај годинава во населбата Тоде Mендол беа уапсени од страна на полицијата. Наводите на косовскиот магазин Зери, кои беа објавени во сабота, сепак беа точни, кога весникот повикувајќи се на изјави на адвокат, твредеше дека во вторник ќе започне распитот.
Повеќе од два месеци никој од претходно уапсените не беше испрашан ниту пак на нивните адвокати им беа презентирани доказите, на што тие негодуваа и се сомневаат дека осомничените само ќе бидат искористени да се прекријат трагите на учеството на вработени во тајната полиција во криминалната група.
Само за потсетување повеќе од триесет лица беа уапсени во акцијат ана МВР во населбата Тоде мендол која беше спроведена на 9ти и 10ти мај.