Започна гасификацијата на спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започнаа градежните работи за приклучување на спортската сала во Куманово на дистрибутивната гасоводна мрежа, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Како што објави на социјалните мрежи, екипите на ЈП „Куманово-гас“ веќе работат на изградба на подземната инсталација за приклучување на објектот на природен гас.

 

 

– Екипите на Јавното претпријатие „Куманово-гас“ интензивно работат на прекоп и изградба на подземна инсталација за приклучување на спортската сала на природен гас, напиша Димитриевски.

 

 

Паралелно со изградбата на гасоводниот приклучок, се изведуваат и работите за новиот систем за греење и вентилација во спортската сала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се подготвува масовна акција против дивите препродавачи во Куманово (ВИДЕО)

„Паралелно се врши и изградба на системот за греење и вентилација во спортската сала“, наведува градоначалникот.

 

 

Димитриевски додава дека Општината продолжува со проширување на гасоводната инфраструктура во градот.

Инаку, директорот на ЈП „Куманово-гас“, Марко Митровски, неодамна информираше дека проектната документација за приклучување на спортската сала е целосно завршена и дека по добивањето на потребните одобренија веднаш ќе започнат градежните активности, со цел објектот да биде приклучен на природен гас.

 

 

Покрај спортската сала, ЈП „Куманово-гас“ годинава работи и на нови приклучоци и проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа.

Во план е приклучување на повеќе јавни установи, меѓу кои Здравствениот дом Куманово, основните училишта „Наим Фрашери“ и „Вук Караџиќ“, како и градинката „Славејче“, а се реализираат и проекти за изградба на нови делници од гасоводната мрежа во повеќе делови од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пукал во стан во Куманово, приведени четири лица

Никола Ивановски