Со почетокот на месецот во Општина Старо Нагоричане започна чистење на реката Петрошница, преку избраниот економски оператор со реализација на Акциониот план за чистење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Чистењето ќе биде спроведено од мостот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка па се до вливот со реката Пчиња во согласност со средствата кои општината ги има обезбедено од Министерството за животна средина и просторно планирање за набавка на стокови резерви на нафта.