Започна 41-та ликовна колонија „Куманово 2015“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во Меморијалниот центар во Пелинце се одржува 41-та по ред ликовна колонија „Куманово“, во организација на Општина Куманово во соработка со Музеј Куманово. Како дел од оваа културна манифестација, освен уметници од Македонија, во Пелинце ќе творат и уметници од Романија и Србија.

Loading...

Уметниците кои веќе се пристигнати започнаа да ги подготвуваат своите дела, додека пак оние кои допрва ќе пристигнат во наредните денови, ќе им се придружат на своите колеги во текот на колонијата која ќе биде отворена до 28 август.

 

[huge_it_gallery id=”171″]

 

Градоначалникот Зоран Дамјановски лично ги посети уметниците чии дела на 11- ти Ноември за Денот на градот ќе бидат изложени во Центарот за култура.

Низ овој простор поминале врвни ликовни уметници и благодарение на врвното творештво, ова е една од најбрендираните ликовни колонии во Република Македонија. Иако се формираат низа на колонии, оваа колонија останува како највисоко име во македонското ликовно творештво. Јас многу пати зборувам дека потеклото на модерното македонско сликарство потекнува од овие краеви, и од овој регион. На гостите сакам да им посакам пријатен престој и многу добра творечка работа – изјави градоначалникот.

Учесниците доаѓаат од збратимените градови и дел од нив ќе бидат гости на Тамбурашкиот фестивал кој ќе се одржи во петок и сабота на градскиот плоштад со почеток во 20:30 часот.

 

Loading...