Западните земји се обидуваат да ја обвинат Русија за глобалната криза со храна и премногу добро разбираат дека самите се виновни за таквиот развој на настаните, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.
„Западните земји се обидуваат да ја обвинат Русија за глобалната криза со храна, а добро знаат дека моменталната ситуација е директна последица на нивните постапки“, нагласи Мишустин на продолжениот состанок на Евроазискиот меѓувладин совет, пренесува ТАС С.
Тој исто така рече дека „Западот го зголемува притисокот со санкциите кон Русија и Белорусија, иако ја чувствува реакцијата од таквата политика“.
„Ситуацијата брзо се менува, а Западот го зголемува притисокот на санкциите врз Русија и Белорусија, и покрај штетните ефекти од таквата политика и врз нејзините иницијатори“, рече рускиот премиер.
Според Мишустин, во моментот кога меѓународниот економски и трговски систем ги прекинува традиционалните врски и вообичаените обрасци, Евроазиската економска унија се покажува како ефикасна, наведува ТАС С.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.