Замрзнаа пистите на аеродромот во Минхен. Сите летови се суспендирани

Сподели со своите пријатели

Поради замрзнат дожд утрово повторно беа прекинати летовите на аеродромот во Минхен.

Loading...

Портпаролот на аеродромот потврди за ДПА дека сите писти се замрзнати поради замрзнат дожд.

Нема да има полетувања или слетувања барем од првите летови во 6 часот наутро до пладне.

На онлајн распоредот на пристигнувања и полетувања на летовите на тој аеродром, сите наведени летови се откажани или одложени.

Пистите и паркингот на аеродромот ќе се одледуваат во првата половина од денот.

Планот е да се овозможи продолжување на авиосообраќајот од пладне“, објави аеродромот на својата веб-страница.

„Сепак, се претпоставува дека повеќето летови во текот на остатокот од денот ќе мора да бидат откажани од безбедносни причини“, додаваат тие.

Новиот прекин доаѓа само 48 часа откако аеродромот продолжи со работа по дводневното затворање поради обилните снежни врнежи.

Loading...