Во текот на последното деноноќие како што информира МВР, во ПТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 543 странски државјани, од кои најмногу на државјани на Сирија и тоа 138, потоа на 137 државјани на Авганистан и на 208 државјани на Ирак.
Во истиот период до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 15.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Приливот на бегалци од турска кон грчка страна е драстично намален деновиве, откако Грција воспостави зајакнат систем на контрола во Егејското море, односно, откако НАТО распореди воени бродови за контрола на криумчарење на бегалци и мигранти од Турција кон Грција.
Loading...