СВР Куманово во акција: Од 259 проверени возачи – педесет возеле под дејство на алкохол

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од СВР Куманово, во изминатиот викенд, на територијата на градот се спроведени зајакнати полициски контроли во сообраќајот, со цел да се зголеми безбедноста возачите и пешаците.

Loading...

Зголемувањето на патролите е во согласност со претходно изготвен план од страна на СВР Куманово, при што за два дена биле контролирани 259 возачи и возила.

При контролата се забележани 80 прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Од наведената бројка на прекршоци, дури 50 се однесуваат на возење под дејство на алкохол, а 8 лица го прекршиле законот затоа што возеле без претходно издадена дозвола од страна на министерството. Од останатите 22 прекршоци 9 се однесуваат на нерегистрирани возила, 5 за возач почетник и сл.

Согласно статистиката од овој викенд СВР Куманово упатува апел до сите возачи:

Заради безбедност на сите учеснции во сообраќајот и безбедноста на граѓаните да не се управува со возило под дејство на алкохол и сите да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи пропишани со закон.