Захариева: Немам никакви симптоми, не доаѓам од загрозено подрачје

Сподели со своите пријатели

Директорката на кумановската болница Снежната Захариева тврди дека нема никакви симптоми, дека била во Неапол, Италија, кое не е загрозено подрачје, но сепак одлучила да не оди на работа од превентивни причини.

Loading...

Откако денеска дел од медиумите го пренесоа ставот на претседателот на ОК на ВРМО-ДПМНЕ Куманово Бране Петрушевски, дека патувала во Италија, а не се придржувала до препораките за самоизолација, и неговото барање таа да биде разрешена, Захариева се јави со своја реакција преку социјалните мрежи.

Потврди дека патувала во Италија, но не во северниот регион каде владее заразата од коронавирусот, туку во Неапол и откако се вратила сама се ставила во изолација.

– Во Неапол бев од 24-28.02.2020.Значи, не бев во северна Италија, не бев во подрачје во кое има заболени од Корона вирусот. Неапол уште не е загрозена зона. Без оглед на тоа, прво што направив беше мое телефонско јавување на колешката епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Не по наредба или препорака, по моја лична волја и совест останав дома за да не се почувствува загрозен било кој во моја близина. И покрај тоа,обидите за моја лична и професионална дискредитација не престанаа… Немам никакви симптоми, не доаѓам од загрозено подрачје, но решив, за свој личен мир да направам тест. Каков и да е резултатот нема да е тајна. И,на работа нема да бидам и оваа недела, напиша Захариева на својот Фејсбук профил.

Информацијата денеска на прес конференција ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека Захариева не оди на работа и дека се вратила од подрачје кое воопшто не е заразено.

Leave a Reply