По средбата со бугарскиот премиер Бојко Босиров, лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со случајот Смилковско езеро, истакна дека во многу брз временски период и доказите за овој случај ќе бидат споделени со јавноста.
– Знаете дека Смилковското Езеро е еден од пакетите на докази коишто и граѓаните на Македонија ги чекаат. Ние се трудиме да бидеме внимателни со објавувањето на тие докази коишто ги поседуваме. Зошто? Заради тоа што е чувствителна состојбата во Република Македонија после настаните во Куманово. Но, ветивме на граѓаните дека целата вистина ќе ја споделиме, така што во во многу брз временски период и доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени со јавноста, рече Заев.